Промени тема
Контакт

КОВИД 19 причина за смртта на уште еден здравствен работник - почина д-р Владимир Евтимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
doktor-1

Здравствен работник е новата жртва на коронавирусот во Македонија. На 50-годишна возраст почина радиолог од Клиничката болница во Тетово, д-р Владимир Евтимовски.

Неговите колеги изразуваат сочувсто на Фејбсук.

„Мојот драг колега др. Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти! Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш!, вели неговиот колега од Тетово Арѓент Имери, радиолог и субспецијалист по дијганостика на дојка и изразува сочувство на Фејсбук.

— реклама —

Имено, во понеделникот почувствувал симптоми, се тестирал, а позитивниот тест за присуство на коронавирус пристигнал во вторникот. Состојбата нагло му се влошила по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но по кратко боледување денеска ја изгубил оваа битка.

 

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања