Финанскиско-економската криза која ја предизвика пандемијата од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство, велат статистичките податоци од истражувањето што го направи Институтот за економски анализи и истражувања „Фајненс тинк“ за тоа колку пандемијата ја зголеми сиромаштијата во Македонија.
Според нивните анализи најпогодени ќе бидат луѓето што имат помалку од 126 денари на ден. Овие луѓе припаѓаат во групата на „апсолутна сиромаштија“ според меѓународни мерила. Пред ковид кризата, според проценките на „Фајненс тинк“ во оваа група биле 18,5 отсто од населението , или околу 375.000 граѓани, а поради последиците од здравствената криза, и со презмените мерки, во оваа група сега живеат 23,6 процети од целото население, или околу 475.000 граѓани, што е 100.000 граѓани повеќе во однос на периодот пред ковидот.
– Ковид кризта доведе до тоа релативната сиромаштија да стана речиси изедначена со апсолутната сиромаштија. Во релативната сиромаштија се пресметуват и оние кои се помалку сиромашни и оние кои се повеќе сиромашни, односно апсолутно сиромашните, како и екстремно сиромашните. Со новите податоци, оние 100.000 граѓани кои биле сиромашни, но имале повеќе од 126 денари на ден, сега осиромашиле и влегле во групата на апсолутно сиромашни – објаснува Благица Петрески, главен економист во “Фајненс тинк“.
Во екстремната сиромаштија пак, влегуваат луѓето кои имат до 44 денари на ден. Пред ковид кризта, нивното процентуално учество во вкупниот број на население било 4,7 проценти, но по ковид кризата со социјалните мерки, овој процент може да се намали на 3,3 проценти. Односно, пред ковид кризта со помалку од 44 денари на ден живееле околу 95.000 жители.