Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Крадец провалил во кафуле во Германија, но не ја допрел касата – украл торта и сладолед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryrj7tq889vtg65qMiQkM

Необична кражба се случила во кафуле во германскиот град Бад Залцуфлен. Непознат крадец провалил во објектот, но наместо пари од касата, со себе однел торта и две пакувања сладолед.

Провалата се случила во ноќта меѓу петок и сабота, околу 2:30 часот, во кафуле на улицата Паркштрасе, во непосредна близина на градскиот бањски парк.

— реклама —

Од полицијата во Липе соопштиле дека провалникот од кафулето однел „необичен плен“ – една торта и две кутии сладолед.

— реклама —

Според германската агенција ДПА, крадецот воопшто не се обидел да ја отвори касата, туку се заинтересирал само за слатките.

Откако ги зел тортата и сладоледот, побегнал од местото.

— реклама —

Полицијата засега не знае зошто провалникот се решил токму на ваков плен.

„Не знаеме дали намерно тргнал по слаткиот плен или едноставно го фатилo глад за време на провалата“, изјавил портпарол на полицијата за ДПА.

Полицијата продолжува да трага по сторителот и ги повикува сите кои во моментот на провалата забележале нешто сомнително да се јават и да помогнат во истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 2 дена

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 2 дена

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања