Промени тема
Контакт

Крадецот вели држте го крадецот, ВМРО-ДПМНЕ и Лефков се симбол за криминалот во државата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Milelefkov

Крадецот вели држте го крадецот, ВМРО-ДПМНЕ и Лефков се симбол за криминалот во државата, вели СДСМ во реакција на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

„Ниедна валкана кампања на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги разубеди граѓаните за тоа која партија и кои политичари се симбол на милионски грабеж, корупција и скандали.

— реклама —

Во најмала рака е забегано тоа што најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ која од мала жолта куќа на криминален начин дојде до бела палата вредна 40 милиони евра лажно да обивнува некого за имот. Денешната нова лага и напад врз потпретседателот Стефан Богоев од страна на Лефков потврдува ја потврдува народната изрека: Крадецот вели држте го крадецот! Сакајќи да го преансочат вниманието од сите судски пресуди и потврден криминал во своите редови, ВМРО-ДПМНЕ влегува во очајна негативна кампања без трошка достоинство или вистина во своите обвинувања.

Белиот дворец со велелепни лустери, маси од махагони, позлатени рамки и црвени теписи стои да сведочи за корупцијата и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тоа истата партија чии високи функционери признаа вина за криминал, кои отвораа оф шор фирми по Белизе, истата партија за која се водат бројни судски предмети за нелегално финансирање и корупција. Тоа се истите луѓе на истите позиции кои преку лажни кампањи се обидуваат да го оправдаат сиот криминал кој веќе е докажан и потврден преку признанија на членови од сопствените редови. Граѓаните нема да наседнат на овие манипулации.

— реклама —

Токму Христијан Мицкоски, како најлошиот директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика, е типичен пример како од голтар во политиката се станува бизнисмен со хидроцентрали. Ги повикуваме да престанат да ја замајуваат јавноста и конечно да раскрстат со криминалците во своите редови кои од ден во ден ги признаваат по судовите сите свои криминлани афери и случаи на корупција“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања