„Крадете држава, не ќебапи - за да добиете помала казна порачаа пратениците“ - новинарот Ландов за измените на КЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
347416564_6245031135607264_3362308503638465423_n

Новинарот Кристијан Ландов смета дека со промената на Кривичниот законик, за мали кражби ќе се судат поголеми казни, отколку кога функционер ќе направи штета на државата. Тој тврди дека станува збор за договор, со цел, да го вратат експремиерот Никола Груевски.

— реклама —

„И сега, тој што ќе украде кебапи ќе лежи две-три години, а тој што ќе испокраде држава ќе добие една година (читај ниедна). Е сеа, утеха е што кај нас се застарува или најголемите криминалци се спогодуваат, па така што не знам што се мачеа да менуваат Кривичен. Заменик-министерката предложи, 48 пратеници порачаа: Крадете држава, не ќебапи“, напиша Ландов.

— реклама —

Тој додаде: Сценариото е да го вратат Груевски. Ама не легалистички/правно, туку со договор. Измените на Кривичен законик се само параван и дел од договорот. И се истите од 2018 година, кога преговараа Мицкоски-Заев. И ќе се донесат сега, кога СДСМ си истераа куп кампањи како нема амнестија за криминалот, кога се фалеа преку соопштенија колку се јаки по секоја пресуда за функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Откако на Јанакиески му правеа “вади-стави” во ќелија, а Јанкулоска ја казнуваа и бесправно држеа да не си го види детето (сѐ до пред некој месец). Секако, бенефит ќе видат и функционери на СДСМ, оти ако ги гонат и осудат - ќе лежат помалку. Многу помалку. Е, пс. имаше и една снимка. Важна. Долу, во коментари е. Цитат: „Гордана и Миле ќе ги дадат да идат во затвор?”. Тргувате со животи“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања