Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Крајно сме загрижени за психофизичката состојба на Арсовска: ВМРО ДПМНЕ ќе ја тужи градоначалничката за обвинувањата кон Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
danela-arsovska-1

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на интервјуто на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за „Канал 5“ телевизија.

— реклама —

Од партијата велат дека ќе бараат од Арсовска да ги образложи своите изјави пред надлежните судови.

— реклама —

„Со оглед на огромното количество лаги што ги изнесе Данела Арсовска, во срамното интервју на Канал 5 телевизија, би сакале да истакнаме следново:

— реклама —

Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени.

Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност.

Сепак, имајќи ја предвид тежината на обвинувањата што ги искажа во интервјуто, независно од истакнатото, приморани сме да побараме тоа да го докаже во редовна постапка пред македонските судови. Истовремено, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања