Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кралот Чарлс не знаел дека Ендру ќе биде уапсен денес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
Screenshot-2022-09-09-at-19.45.08

Ниту кралот Чарлс ниту Бакингемската палата не биле однапред информирани дека неговиот брат, поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор ќе биде уапсен денес, дознава Би-Би-Си њуз.

— реклама —

По апсењето на Ендру со соопштение се огласија и кралот на Велика Британија и британскиот премиер Кир Стармер. Кралот испрати поддршка до полицијата за темелна истрага, додека британскиот премиер спомна дека Ендру треба да каже и за врските со сексуалниот претстапник Џефри Епстин.

— реклама —

Да потсетиме, принцот, кој ја изгуби официјалната титула уште во 2022 година, утринава беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службена должност и недолично однесување во јавна служба.

— реклама —

Колку ќе го држи полицијата?

Ендру беше уапсен на својот 66-годишен роденден, а британската полиција засега споделува малку информации од истрагата. Според аналитичарите на Би-Би-Си за поранешниот принц во притвор нема да има посебен третман и тој ќе биде сместен во „ќелија во притворска соба“ која има само „кревет и тоалет“.

Полицијата би можела да го задржи поранешниот принц најмногу 96 часа, но за тоа треба повеќепати да се продолжува притворот. Полицијата сега има пристап до имотот на Ендру и, како што пишува Би-Би-Си, компјутери, фотографии или друг тип на докази.

„Да го прашаат и за врските со Епстин“

Неговиот брат, кралот Чарлс, нагласи дека законот мора да се спроведува.

„Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и соодветен процес во кој ова прашање ќе биде истражено на соодветен начин и од страна на надлежните органи“..

Тој повтори дека истрагата ја „има нашата целосна и безрезервна поддршка и соработка“, додавајќи оти нема повеќе да коментира сè додека трае процесот.

Британскиот премиер Стармер во интервју за Би-би-Си изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и во САД поради поврзаноста со покојниот, осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

А каде беше кралицата кога се апсеше деверoт?

Кралицата Камила продолжува со јавниот ангажман неколку часа по апсењето на нејзиниот девер Ендру, забележува Би-Би-Си. Камила пристигна на ангажман во Вестминстер, централен Лондон.

Таа присуствува на оркестарски концерт за време на ручек и беше пречекана од претставници кога стигна таму.

„Чекавме да видиме дали високите членови на кралското семејство ќе изберат да се држат подалеку од очите на јавноста во светлината на денешните вести, но се чини дека тоа не е случај“, коментира медиумот.

Истрагата не е само за врските со Епстин

Иако во очите на светската јавноста поранешниот принц Ендру е поврзан со сексуалниот престапник Епстин откако беа објавени илјадници досиеја, истрагата на британската полиција може да оди подлабоко.

„Нема никакво значење фактот што Ендру Маунтбатен-Виндзор не е уапсен за ништо поврзано со Вирџинија Џуфре. Она што доведе до неговото апсење се информациите во досиејата на Епстин за активностите додека тој беше трговски пратеник. Иако не знаеме детали, мора да се претпостави дека дел од ова ќе биде споделувањето документи во досиејата на Епстин, помеѓу Ендру и Епстин“, пишува Би-Би-Си.

Врската со Епстин претставува кршење службена тајна

Полицијата изминатите денови ги истражуваше тврдењата на жена, која тогаш не била британска државјанка, дека Епстин во 2010 година ја испратил во Велика Британија за да има секс со Маунтбатен-Виндзор во неговата резиденција „Ројал Лоџ“. Таа преку својот адвокат тврди дека откако ја поминала ноќта со него, ѝ бил понуден чај и обиколка на Бакингемската палата.

Во меѓувреме девет полициски управи во Велика Британија ги истражуваат наводите дека поранешниот принц проследувал чувствителни владини и комерцијални документи до Епстин, што претставува злоупотреба на јавната должност и кршење на службена тајна.

Биле во контакт и откако Епстин признал вина

Лондонската полиција испитува дали телохранителите на Ендру „намерно замижувале“ за неговите посети на приватниот остров на Епстин.

Објавените документи и електронска пошта покажуваат дека Ендру и Епстин останале во контакт откако американскиот милијардер призна вина за подведување малолетнички.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library463u2bi063sk44n8psn

Колку долго принцот Ендру може да биде во полициски притвор?

Свет | пред 4 часа

Screenshot-2024-12-14-at-07.41.08

Колку долго полицијата може да го задржи Ендру Маунтбатен-Виндзор?

Свет | пред 4 часа

media-libraryloqjnb1hk6668Wab5DW

Принцот Ендру прв висок член на британското кралско семејство уапсен во модерната историја

Свет | пред 4 часа

media-library2avp58hubadj8qns0eD

(Видео) Објавени први фотографии од апсењето на Ендру

Свет | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања