Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кралот Чарлс Трети: Природата е бесценета и мораме повеќе да ја штитиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
Screenshot-2022-09-09-at-19.45.08

Британскиот крал Чарлс Трети упати повик до државите ширум светот повеќе да ја ценат и заштитуваат природата за време на посетата на Гвајана, јужноамериканска земја која остварила стотици милиони долари приходи од продажба на јаглеродни кредити благодарение на зачувувањето на големите шумски површини.

На средбата со претседателот Ирфан Али во главниот град Џорџтаун, кралот истакна дека утврдувањето на вредноста на природата и понатаму претставува голем предизвик.

— реклама —

„Сите расправаат за тоа колку вреди. Па, таа е бесценета. Тоа е одговорот“, рече Чарлс Трети.

Тој го осуди континуираното уништување на шумите, предупредувајќи дека таквите активности ја загрозуваат иднината и здравјето на луѓето. Изрази надеж дека и други држави ќе го следат примерот на Гвајана во справувањето со заканите за животната средина.

— реклама —

Гвајана располага со околу 18 милиони хектари шуми, а преку нивното зачувување развива систем за финансиско вреднување на природните ресурси. Во последните години земјата остварила 353 милиони долари од продажба на јаглеродни кредити. Во 2022 година станала првата држава што издала вакви кредити според меѓународен стандард насочен кон намалување на емисиите на стакленички гасови.

Американската компанија „Хес корпорејшн“, која учествува во производството на нафта во морето крај Гвајана, во декември 2022 година договорила купување јаглеродни кредити во вредност од 750 милиони долари во период од десет години. Гвајанската влада најавила дека 30 отсто од приходите од продажбата ќе ги насочи кон развојни проекти во заедниците на домородното население.

— реклама —

Претседателот Али ја пофали долгогодишната поддршка на Чарлс за заштитата на природата и климатските иницијативи, истакнувајќи дека амбициите на земјата сега опфаќаат и зачувување на биолошката разновидност, одржливи градови и подобар однос меѓу луѓето и природата.

Кралот пристигнал во Гвајана вчера, во рамките на деветдневната посета на Карибите. Претходно ги посетил Бахамите, а во текот на денот се сретнал со ветерани кои служеле во одбранбените сили на Британска Гвајана пред независноста на земјата во 1966 година.

Посетил и парк во кој во 19 век јавно биле погубувани поробени луѓе по еден од најголемите востанија против ропството во регионот.

Прашањето за британската улога во трговијата со робови повторно се актуализира пред состанокот на челниците на Комонвелтот. Дел од карипските лидери бараат Велика Британија официјално да се извини и да исплати отштета за ропството и колонијалното минато, но британската влада досега ги одбиваше барањата за обесштетување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jm2620q1ednaW3SH3O

(Видео) Канада претстави нова банкнота од 20 долари со ликот на кралот Чарлс III

Свет | пред 1 месец

— реклама —
Screenshot-2022-09-09-at-19.45.08

Кралот Чарлс не знаел дека Ендру ќе биде уапсен денес

Трендови | пред 8 месеци

Нема фотографија

Прво Кејт Мидлтон се повлече, сега други членови: Што се крие зад ненадејната одлука на кралското семејство

Сцена | пред 2 години

f147b51b-485a-4208-8546-750c9618268d

Британците ја сменија националната химна по смртта на кралицата

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања