Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кралската палата на Надал: Милионска куќа со приватна плажа, пештера во море и рајска градина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт

Освојувачот на 12-та титула на Ролан Гарос може да се опушти пред подготовките за Вимблдон во својот лускузен дом. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос, заработи дополнителни 2.250.000 евра.

На тоа може дополнително да бидат додадени минимум уште толку средства од спонзорите, ако не и повеќе, затоа што Надал е индустрија за себе и вистинска “машина“ за создавање пари.

Покрај тоа, Надал има тениска академија каде што создава нови шампиони и исто така заработува милиони од тоа.

Но покрај тоа што тој заработува толку многу пари, исто така сака да живее убав живот. Затоа за себе си обезбедил вистинска кралска палата во своето родно место во Мајорка.

— реклама —

— реклама —

Надал во 2013-та година купил луксузна вила во Мајорка во местото Порто Кристо, а за тоа платил 4 милиони евра.

Тоа е неговата идила во која одмора после напорот од тенисот. Себеси си обезбедил “катче“ како од рајот. Има неверојатна градина составена од медитерански билки и дрвја, има посебна приватна плажа и скали кои се изградени за да водат до неа каде има и пештера во морето.

— реклама —

Положбата на куќата е идеална, на ридот над морето, со поглед кој се простира на три страни од морето и нема сомнеж дека Надал таму се полни со многу енергија која потоа му помага да ги освојува најголемите турнири.

извор tocka.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања