Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Краш под ,,удар" на скапото какао

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryu2070873v7mgewdI1Cg

Хрватскиот производител на слатки Краш соопшти дека во 2025 година забележал пад на профитабилноста од околу 20 проценти, главно поради рекордно високите цени на какаото на светските берзи.

— реклама —

Според финансискиот извештај, нето добивката на групацијата изнесувала 6,5 милиони евра, што е намалување за 1,7 милиони евра во однос на претходната година, додека добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) паднала за 19 проценти на 15,8 милиони евра.

— реклама —

Иако вкупните приходи пораснале за 3,4 проценти и достигнале 193,9 милиони евра, растот на трошоците бил побрз, што резултирало со намалени маржи. Компанијата наведува дека цената на какаото на светските пазари во одредени периоди достигнувала и над 12.000 долари по тон, што значително го оптоварило производството.

Управата на Краш одлучила да не ги зголемува продажните цени, што дополнително влијаело врз намалувањето на профитот, а добивката е задржана во компанијата без исплата на дивиденда, со цел зачувување на финансиската стабилност.

— реклама —

И покрај падот на количинската продажба од 2,7 проценти, приходите пораснале благодарение на засилени продажни и маркетинг активности, особено во втората половина од годината.

— реклама —

Раст е забележан и на домашниот и на странските пазари, а компанијата во 2025 година значително ги зголемила инвестициите во модернизација на производството во Загреб и Осиек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања