Промени тема
Контакт

Кратовец фатен со над 100 таблети MDMA

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-rotaciona-svetla

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кратово, со престојувалиште во Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 26-годишник, во станот во кој престојувала неговата девојка на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, неовластено заради продажба држел вкупно 115 таблети 3,4 – метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и 10 полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6,21 грама. Дрогата и психотропната супстанција биле пронајдени при претрес на домот, а притоа била одземена и една дигитална вага и еден нож со остатоци од кокаин.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања