Промени тема
Контакт

Кражби во тетовско: четворица уапсеи, пронајдени оружје, муниција, две возила и украдени предмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library3ooh6917fs7o8lnJm2B

Полицијата расчисти повеќе случаи на кражби и тешки кражби во тетовскиот регион, при што се лишени од слобода четири лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

На 19 септември во Тетово биле приведени С.У. (26) од Долно Палчиште и А.Е. (34) од Липково, поради сомнение дека сториле кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. Од А.Е. било одземено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки.

— реклама —

Во рамки на полициските активности, на повеќе локации во Камењане и Палчиште биле пронајдени и одземени ловечка пушка и ловечки карабин, поголема количина муниција и патрони со различен калибар, како и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.

Истиот ден, по судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Б.У. (26) од Долно Палчиште, кој потоа бил лишен од слобода.

— реклама —

Во продолжение на истрагата, на 20 септември во Полициската станица Тетово бил задржан и А.А. (34) од Отља, липковско, кој претходно бил лишен од слобода од полициски службеници од СВР Куманово. Од него било одземено патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки.

— реклама —

Четворицата се задржани во полициска станица. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhoec7j516hjl12gZgqO

„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

14 возачи приведени за безобѕирно управување, еден возел со 178 км/ч на автопат

Македонија | пред 18 часа

velosipedi

Уапсен 32-годишник во Скопје, се сомничи за кражба на 12 велосипеди

Македонија | пред 18 часа

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

18-годишна девојка од Белгија исчезнала во битолско село Лавци

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања