Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 39 минути -

Свет
kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија дека руската страна стои зад обидот за подметнување пожар во компанија за производство на беспилотни летала, оценувајќи ги како неосновани и без докази. Реакцијата доаѓа откако Талин најави затворање на сите гранични премини со Русија од 1 декември.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека обвинувањата за наводни руски саботажи, кои доаѓаат од Естонија и други европски земји, немаат никаква поткрепа.

„Такви обвинувања не слушаме само од Талин, туку и од други европски престолнини. Сите тие изјави немаат никаква основа, никакви аргументи, никакви докази. Целосно се неосновани“, рече Песков.

— реклама —

Тој ја коментираше и одлуката на Естонија за затворање на граничните премини, оценувајќи дека Талин на тој начин практично подига ѕид кон Русија.

— реклама —

„Историјата покажува дека многу земји подигнувале ѕидови, но тоа не им донело ништо добро на оние што ги граделе“, изјави портпаролот на Кремљ.

Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, во неделата соопшти дека сите гранични премини со Русија ќе бидат затворени од 1 декември, по обидот за подметнување пожар во компанијата „Треод системс“, која произведува беспилотни летала.

— реклама —

Талин тврди дека нападот бил нареден од руската воена разузнавачка служба ГРУ, но Москва ги отфрла обвинувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 18 минути

— реклама —
zaharova-51235

Захарова удри по НАТО: Европа би била побезбедна без Алијансата

Свет | пред 1 ден

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 2 дена

vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања