Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кремљ: Во моментов нема потреба од средба меѓу Путин и Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека во овој момент „нема потреба“ од средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува украинскиот медиум Kyiv Independent, повикувајќи се на агенцијата ТАСС.

— реклама —

„Хипотетички, состанокот е можен, но сега нема потреба од него. Потребна е детална и внимателна работа на прашањата што се однесуваат на мировното решение“, изјави Песков, истакнувајќи дека дипломатските напори се насочени кон конкретни подготовки, а не кон формален самит.

Изјавата доаѓа по нов пресврт во обидите за организација на самитот меѓу двајцата лидери, кој требаше да придонесе за напредок во мировните преговори. Според извештаите, плановите за средба биле разгледувани на 16 октомври, но само неколку дена подоцна биле одложени.

— реклама —

Американскиот претседател Трамп на 21 октомври порача дека не сака „бесцелна средба“ со Путин, обвинувајќи ја Москва дека одбива да го запре вооружениот конфликт долж линијата на фронтот. Веќе следниот ден, тој воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании – „Росњефт“ и „Лукоил“.

— реклама —

Иако Белата куќа на 23 октомври изјави дека самитот „не е целосно исклучен“, рускиот став остана непроменет – Москва продолжува да одбива компромис и да инсистира на предавање на целата Донецка област како предуслов за мир.

Трамп на 25 октомври повторно изјави дека нема да се сретне со Путин сè додека не се појави „јасен пат кон мировен договор“. „Мора да знаеме дека може да се постигне договор“, изјави тој за новинарите, додавајќи дека „секогаш имал добар однос со Путин, но ситуацијата сега е разочарувачка“.

— реклама —

Во изминатите осум месеци, улогата на Трамп во посредувањето меѓу Киев и Москва се карактеризира со контрадикторни сигнали и чести промени во тонот. Додека во септември, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој уверено тврдеше дека Украина „може да ги врати сите свои окупирани територии“, денес неговиот став е значително повнимателен и условен со исходот на дипломатските преговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 7 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 20 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања