„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Крена ли експерт паника за корона вирусот, па се обиде да ја смири ситуацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dragan-danilovski-1

Драган Даниловски, поранешен министер за здравство, вчеравечер прво објави дека „вирусот се одржува во воздухот дури три часа, значи се шири и аерогено (низ воздухот)“, за по извесно време да сфати дека згрешил, да го избрише постот на „Фејсбук“ и да порача – „успокојте се, спектакуларната вест дека вирусот опстојува во воздухот три часа не е точна“, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

Професорот Даниловски вели дека станува збор за „случаен превид“, иако и при првата панична објава тој ја имаше споделено оригиналната верзија на научната студија, за која во вториот пост наведува дека погрешно ја толкувал.

Со назнаката „ВАЖНО!!!“, Даниловски првично објави:

— реклама —

„Вирусот се одржува во воздухот 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно. Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува ‘филмската’ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица. И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздух цели три часа. Особено ако времето не е ветровито…“

Даниловски  по извесно време објави нова информација држејќи се до научната студија за која тврдеше дека ги открива новите сознанија.

„Успокојте се! Спектакуларната вест дека вирусот опстојува 3 часа во воздухот не е точна! Се работеше за случаен превид, па според тоа и погрешно толкување на наодите на експерименталната студија за стабилност на SARS-CoV-2 во аеросоли и на површини, при разгледување на студијата. Извинување за ненамерно предизвиканата паника!!! Согласно студијата, вирусот опстојува 3 часа во аеросоли, во експериментални, лабораториски услови. Ама не би можело тие наоди да се пресликаат на реални клинички услови. Понатаму, аеросоли не се формираат при кашлање, кивање, гласно говорење, туку само при одредени клинички процедури, како што се ендотрахеална интубација, бронхоскопија, отворена сукција, администрација на небулизирана терапија, мануелна вентилација пред интубација итн. (видете цитат подолу). Значи, досега не е докажано постоење на аероген пренос за SARS-CoV-2! И понатаму остануваат препорачаните мерки на СЗО.“

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања