Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Крими-Скопје: Грабеж, мигранти, натепани малолетници, натепана вработена на Клинички, групни пресметки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

Денеска (01.08.2024) во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.00 часот во казино на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје од касарната Илинден било пријавено дека во кругот на касарната биле затекнати три лица-мигранти од Египет, од кои едното лице било малолетно. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

— реклама —

Денеска (01.08.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(49) од Скопје пријавил дека на 31.07.2024 околу 23.00 часот пред казино на подрачјето на Центар, тој и неговиот син Д.М.(26) биле физички нападнати од Е.К., А.К. и уште едно лице кое се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

На 31.07.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, А.Ш.(54) од Скопје пријавил дека околу 21.55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син и уште еден вработен во објектот В.Л.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (01.08.2024) во 07.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Денеска (01.08.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во Студеничани-скопско, по претходно семејно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(28) и С.С.(35) од една страна и С.С.(41) и О.С.(38) од друга страна, сите од с.Студеничани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

На 31.07.2024 во 03.15 часот во с.Глуво-скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.А.(31) од с.Чучер Сандево-скопско поради тоа што околу 01.30 часот заедно со негов пријател, физички го нападнале А.С.(19) од с.Мирковци, скопско. Исто така околу 10.00 часот било пријавено дека Н.А. му упатувал и закани и на И.С.(49) (татко на А.С.). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б. (35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.11.2023 во с.Ласкарци, општина Сарај, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени еден пиштол-марка „Валтер ППК“ , две рамки и шест куршуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 2 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 2 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања