Промени тема
Контакт

Криминалните шеми на генералните секретари на Владата на заевизмот не можеле да се случат без знаење на нивните шефови, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
thumbs_b_c_44975ece7879dfed47c5df3d7f1b8f24

Криминалните шеми на генералните секретари на Владата на заевизмот, Рашковски и Зекири не можеле да се случат без знаење на нивните шефови. И двајцата се луѓе од доверба на Зоран Заев, едниот му е близок пријател, другиот му е кумашин, вели опозицијата.

— реклама —

„Затоа надлежните институции треба да ја прошират истрагата. Логично се поставува прашањето дали и колку пари од криминалните зделки завршиле кај Зоран Заев и неговиот наследник Ковачевски?

— реклама —

Медиумите пренесоа дека Мухамед Зекири без тендер во четири очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии во вид на „семинарски труд“  за рационализација и продажба на институција која што е под владата Македонски пошти.

— реклама —

Ваквите шеми се причината поради која народот осиромашува, а голтарите од власта на СДСМ и ДУИ стануваат милионери. Поради ваквите криминали Македонија е најсиромашната држава, а власта е најкорумпирана во регионот и Европа според сите релевантни меѓународни мерења“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања