Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Криминалното раководство на ЕСМ потроши 230 милиони евра народни пари, реагира Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski02012023

При денешната посета на Општина Охрид по повод православниот празник Богојавление – Водици претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски запрашан на новинарско прашање за негов коментар за тоа дека од СДСМ велат дека има вишоци на струја и дека наместо загуби се бележат позитивни резултати во енергетскиот сектор. Мицкоски истакна дека од 230 милиони евра потрошени пари од ЕЛЕМ минатата година, 50-тина милиони евра завршиле во приватни џебови.

— реклама —
— реклама —

„230 милиони евра потрошени минатата година народни пари ЕЛЕМ од тие 50тина милиона завршија во приватни џебови преку тендери во четири очи. Акумулациите се на минимално ниво, односно како што досега никогаш не биле на историски минимум. Само последните месеци половина од минатата година увезоа за 50 милиони евра струја и сега СДСМ зборува за вишоци“, рече Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Мицкоски потенцираше дека по промената на власта одговорност ќе има за раководството на АД ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, и тие луѓе силно ќе одговараат за ова што и го прават на Македонија и македонскиот народ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања