Промени тема
Контакт

Криминалот на СДСМ и ДУИ за една година раселил над 130 илјади луѓе, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
270043927_484509926440883_938546317448290780_n

Премногу е, криминалот на СДСМ и ДУИ за една година раселил над 130 илјади луѓе, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Според податоци на ДЗС во 2021 година во Македонија бројот на активно население изнесувал 943.004 лица, од кои 795.087 лица се регистрирани како вработени, а 147.917 како невработени.

Истата институција, ДЗС за првото тромесечие од 2022 година излегува со податок дека во земјава има 811.197 активно население, од кои 691.498 се вработени, а 119.699 невработени.

Според податоците на ДЗС од 2021 година до првото тромесечие од 2022 година од Македонија се иселиле над 130.000 луѓе, од кои над 100.000 биле вработени и ја напуштиле својата работа, а 30.000 не биле вработени.

— реклама —

Овие бројки објавени од институцијата која треба да води грижа за статистиката во земјава се кобни.

— реклама —

За една година од Македонија се иселиле работоспособни луѓе колку цела општина Куманово, колку Штип и Битола, или колку Тетово и Кичево заедно.

Според овие бројки од ДЗС, СДСМ и ДУИ се апокалиптична комбинација за Македонија.

— реклама —

Доколку реално се погледнат бројките, тогаш доаѓаме до фрапантно сознание дека не се намалува невработеноста воопшто, напротив се повеќе луѓе остануваат без работа или ја напуштаат и се иселуваат од државата.

Со СДСМ и ДУИ Македонија само ќе тоне. И се повеќе народ ќе се иселува. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања