Крис Браун повторно пред суд поради насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Магазин
media-librarykaefuv5gg3jc0REx1jz

R&B ѕвездата Крис Браун се соочува со сериозни обвиненија за наводен, физички напад врз музички продуцент, додека снимките од безбедносните камери прикажуваат вознемирувачки сцени на насилство.

— реклама —

Американскиот пејач Крис Браун (36) повторно е во центарот на вниманието на јавноста поради тежок правен случај, откако беше обвинет за наводно брутален напад во еден луксузен ноќен клуб во Лондон.

И покрај сериозноста на обвиненијата, судот му дозволи да се врати во Соединетите Американски Држави, со плаќање на висока кауција и придржување кон строгите судски услови.

— реклама —

Браун денес се појави пред судот Southwark Crown во Лондон, каде уште претходно ја негираше вината за кривичното дело нанесување телесни повреди. Тој исто така ги отфрли тврдењата дека на јавно место поседувал опасно оружје, односно шише, како и сериозното обвинение за обид за нанесување тешки телесни повреди.

Според обвинението, спорниот настан се случил на 19 февруари 2023 година во ноќниот клуб Tape, сместен на Hanover Square во централниот дел на Лондон. Обвинителството тврди дека Браун повеќе пати го удрил музичкиот продуцент Абрахам Диа со шише текила во глава. Истражувањето се потпира и на снимки од надзорните камери на кои се гледа како пејачот го напаѓа со удари со раце и нозе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања