„Критично кај мостот Шипковица- Бродец“, објавена состојбата во Македонија по обилните врнежи од дожд и град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
poplava

Како резултат на врнежи од дожд што го зафати подрчјето на Општина Виница на ден 23.06.2022 година пријавени се следните штети: откорнати кровни лимени конструкции на зграда и на зградата на општина Виница, имало скршени и откорнати дрва кои го отежнувале сообракајот, имало паднати тополи врз објект на Саманто (оранжерии) и имало скинати кабли на ЕВН поради кои општината на ден 23.06.2022 година останала без напојување со електрична енергија, велат од ЦУК.

— реклама —

„На ден 23.06.2022 година, населените места Серменин, Ново Конско и Моин, Општина Гевгелија во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвикал сериозни штети врз земјоделските посеви. Поради тоа Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија ќе врши процена на сите пријави од граѓаните за штети од невремето на подрачјето на Општината.

— реклама —

Во Општина Демир Капија на ден 23.06.2022 година во попладневните часови подрачјето на Демир Капија, беше зафатено со врнежи до дожд проследено со силен ветар и град. Како резултат од невремето кое траело 10 минути предизвикало штети во градот Демир Капија. Околните населени места не биле зафатени со невреме и град.

— реклама —

Од Македонија пат известуваат дека од невремето имало паднати дрва и одрони и наноси од земја на стариот регионален пат од село Прждево кон Демир Капија, на кој и денес се работи на негово расчистување но нема прекини во сообраќајот.

Како резултат на силен ветер на ден 23.06.2022 година во с.Петралица, Општина Ранковце, дошло до паѓање на дрво кои направило штета (кршење на керамиди) од куќа. Дополнително се очекува Комисијата за процена на штети да излезе на терен за да ја утврди направената штета.

Во моментот дефекти на електродистрибутивнаа мрежа има во селата: Липково, Глажња, Лукаре и Гошинце.

Како резултат на дождот кој бил со посилен интензитет на ул.171 во село Речица дошло до поплавување на одредени места по улиците. Каналот кој служел за одвод е затрупан во должина од 20м. Но ситуацијата да не биде полоша помогнало чистењето на шахтите за атмосферска вода кои биле исчистени предходно од страна на Општината. Во моментов нема опасност за поголеми поплави бидејќи интензитетот на дождот е прекинат. Но сеуште состојбата е критична и се следи.

Поради вчерашните и претходните врнежи од дожд критична е состојбата кај мостот Шипковица- Бродец“, се вели во соопштението од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања