Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кривичен му одговори на Јовески и му порача да си погледне во сопствениот „двор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
obvinitelstvo-4

Кривичниот суд реагира на вчерашната изјава на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој  коментирајќи ја пресудата за  предметот „Тревник“ во која ослободени од вина беа новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа. Јовески на вчерашната пресс конференција рече дека на такви судии не им е местото во правосудството.

Еве што му одговорија од Кривичен на Јовески:

— реклама —

-Во однос на вчерашната изјава на Јавниот обвинител на РСМ, Кривичниот суд – Скопје укажува  на обвинителството наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот „двор“.

— реклама —

Судот и судиите работат согласно Законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, Уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна.

— реклама —

Како суд бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено  на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања“, соопштија од Основен кривичен суд – Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања