Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кривична за две лица за пукањето на Пластичарска, во кое загина 26-годишник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

МВР поднесе кривична пријава против две лица во врска со убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје, кој беше застрелан во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

— реклама —

Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по преземените мерки и активности, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С. поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

— реклама —

Случајот се однесува на настанот од 6 септември, околу 23:30 часот, кога од мотоцикл на кој имало две лица било пукано со огнено оружје кон група лица.

— реклама —

Во престрелката бил погоден А.М. (26) од Скопје. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

— реклама —

За случајот е поднесена кривична пријава против Р.К. и И.С., а натамошната постапка ја презема надлежното јавно обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Украле сребрен накит од стан во Битола, двајца приведени, по третиот се трага

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Нудел помош при подигнување пари од банкомат, па им крадел дел од парите

Македонија | пред 11 час

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Петмина возачи приведени за безобѕирно управување, тројца возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 11 час

media-librarypkffqec7e2am1lN7wc5

21-годишник тешко повреден откако со автомобил удрил во бандера кај Велешта

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања