Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кривична за градоначалникот на Струга: незаконски разрешил директор на основно општинско училиште и назначил ново лице кое не ги исполнува целосно условите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
opstina-struga

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 66-годишен жител на селото Биџево, кој е актуелен градоначалник на Општина Струга, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

— реклама —

Според МВР, против М.Ќ. е поднесена пријава за кривично дело по член 353 од Кривичниот законик. Тој, како градоначалник на Општина Струга, донел одлука со која, спротивно на одредбите од Законот за основното образование, незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште.

— реклама —

По разрешувањето, според пријавата, на функцијата в.д. директор бил назначен друг човек, иако градоначалникот знаел дека новоназначеното лице не ги исполнува целосно условите предвидени со член 118 од Законот за основното образование.

— реклама —

Неправилностите, како што информира МВР, биле утврдени и при инспекцискиот надзор извршен од Државниот просветен инспекторат.

— реклама —

Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, а не претставува утврдување на вина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw

Возел пијан и учествувал во сообраќајна незгода во Дебреше, измерени 1,58 промили алкохол

Македонија | пред 4 минути

— реклама —
skolo

Наставничка нападнала ученик во тетовско основно училиште

Македонија | пред 5 минути

media-libraryp5eoqk0nolef49e1z70

Пожар на електрична бандера во Слатино, изгоре разводниот ормар со броила

Македонија | пред 6 минути

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања