Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кривична за поранешен градоначалник на Струга и двајца општински вработени: издале одобрение за градење во Мислешево без идеен проект и спротивно на Законот за градење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryilec84k529dkdfkZoIX
ФБ

ОВР Струга поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко и двајца вработени во општината поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

— реклама —

Како што соопшти МВР, пријавите се однесуваат на Р.М. (69) и А.Б. (40), двајцата од Струга, како и Н.Р. (57) од струшкото село Поум.

— реклама —

Според пријавата, Р.М., во својство на поранешен градоначалник на Општина Струга, за време на мандатот ја искористил службената положба и овластувањето така што, со пропуштање на должен надзор, постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево.

— реклама —

Второ- и третопријавениот, според МВР, биле на позиции советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина и помошник-раководител на истиот сектор.

— реклама —

Тие, како што се наведува во пријавата, претходно незаконски го изготвиле одобрението, а тоа било издадено врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект и спротивно на Законот за градење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 18 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 18 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања