Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој предизвика инцидент пред „8 Септември“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
8-mi-septemvri

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата „8 Септември“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив било пријавено дека неколку лица му се заканувале на персоналот што работи во ковид-центарот на болницата, по што интервенирале полициски службеници. Еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата. Против него ќе биде поднесена и кривична пријава.

— реклама —

„По излегување на местото на настанот, полициски службеници затекнале повеќе лица на паркингот пред ГОБ ‘8 Септември’, при што од страна на полициските службеници биле преземени  мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото. Лицето Б.С (29) е приведен во ПС Гази Баба, поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација констатирано е дека истиот не го почитувал решението за изолација и е позитовен на Ковид-19“, велат од МВР, за Макфакс.

— реклама —

Синот на починатата кој е позитивен на коронавирус е спроведен во државен карантин на сопствен трошок, а ќе му биде поднесена и кривична пријава за непостапување според здравствените прописи.

— реклама —

извор: Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања