Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Кривична пријава против две лица за „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-1

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје, против лицата: А.Љ.(34) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „измама“, казниво од член 247, во врска со член 45 и „фалсификување или уништување деловни книги“, по член 280, во врска со член 45 од Кривичниот законик и против Ф.Љ.(35) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, казниво по член 247, во врска со член 22 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.

Првопријавениот А.Љ. во месец ноември 2019 во Централен регистар на Р.С.Македонија регистрирал фирма од Скопје, на која истиот е сопственик и управител, при што во текот на месец декември 2019 оштетил повеќе правни лица со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Притоа, тој со умисла и за сметка на фирмата нарачувал и купувал трговска стока, која потоа ја продавал како физичко лице и остварувал имотна корист, a книговодствената документација за извршената купопродажба не ја евидентирал, односно купената стока не ја прикажал во сметководствениот влез и излез.

— реклама —

Кривичните дела А.Љ. ги извршил на идентичен начин, со помош на второпријавениот Ф.Љ., негов брат, така што со доведување и одржување во заблуда на управителите на оштетените правни субјекти, пријавените за себе прибавиле противправна имотна корист во вкупен износ од 1.570.389 денари.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања