Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кривична пријава против лице од Скопје поради семејно насилство врз неговите малолетните деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик. Додека, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции.

— реклама —
— реклама —

Но, и покрај мерките, З.Ц. преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел дасе обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција.

— реклама —
— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, имаат 12 и 14 години

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Двајца полицајци на граничниот премин „Долно Блаце“ примиле поткуп од двајца турски државјани за да им овозможат влез во Македонија

Македонија | пред 13 часа

media-libraryevj4fem9v9lo07dnvtL

Полицијата откри незаконит риболов кај Пештани, одземени 18 мрежи и 874 риби

Македонија | пред 14 часа

media-library7kaun3ev6mucbcNf2j2

Пожар во стан на Бит-пазар: Сопственикот и полициски службеник завршија со повреди

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања