„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кривична пријава против охриѓанец поради закани преку „Фејсбук“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по загрозување на сигурност.

— реклама —

По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, во понеделникот М.К. е повикан во полициска станица, каде што појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон, кој е одземен за понатамошно вештачење.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани што се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk“, велат од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања