Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Кривична пријава против поранешниот директор на „Градски пазар“ Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pazar

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.Т.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,помагање“ во врска со ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 16.02.2013 година до 08.11.2017 година пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Градски пазар“ Охрид, во 44 наврати подигал парични средства за гориво и дневници за службено патување, по што не приложил соодветна документација за оправданост на истите.

— реклама —

Притоа, во периодот од 2014 година до 2017 година, второпријавената, како сметководител во наведеното јавно претпријатие,  подигнатите парични средства од првопријавениот ги оправдувала со патни налози од истиот, со што пријавените нанеле штета од 313.020 денари на јавното прептријатие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања