Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кривична пријава против три лица поради лажен договор за купопродажба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
policija-3-640x382

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Т.Р.(29) од Битола за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К.К.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба”.

— реклама —
— реклама —

На 27.05.2016 година првопријавениот, изработил лажен договор за купопродажба на патничко возило „Рено Меган” помеѓу И.С., како продавач и Д.А. како купувач, по што го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството  за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Третопријавениот, вработен во „АМ Церт“ ДООЕЛ Скопје, и покрај тоа што во доставената документација имало очигледно несовпаѓање на податоците за увозникот и подносителот  на барањето за постапка за идентификација на наведеното возило, издал согласност за регистрација на наведеното возило.

— реклама —

По ова, второпријавенииот,  ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Битола, при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања