Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Љ.А.(25) и Џ.М.(18), двајцата од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 15.02.2019 година околу 09.30 часот на магистралниот пат Демир Капија-Удово, полициски службеници пронашле 10 лица–мигранти, сите од Еритреја, кои во текот на ноќта, со две патнички возила, требало да бидат превезени од границата со Грција до Куманово, но по 30 минути возење, лицата кои ги управувале возилата, ги оставиле на магистралниот пат Демир Капија-Удово. По преземени мерки било утврдено дека пријавените ги управувале возилата.