Промени тема
Контакт

Кривична пријава за две лица од Скопје, изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.

Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.

— реклама —

Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.

— реклама —

На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.

— реклама —

Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

lopta-fudbal

Отишол на натпревар, па им се заканувал на играчите: Приведен 60-годишен скопјанец

Скопје | пред 20 часа

motor-18-

Се возела на мопед со три-годишно дете: Изгубила контрола и се превртела

Македонија | пред 20 часа

media-library0clb9m4nod8n4XPeC9A

Почина затвореник од „Идризово“: Се качил на бандера, фатил жица под напон и починал

Македонија | пред 20 часа

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Полицијата приведе 18 возачи: Деветмина под дејство на алкохол, седуммина без дозвола

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања