Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Кривична пријава за екс градоначалникот на Битола,Талески за планинарскиот дом „Копанки“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
press_edna-godina_mandat_3

Општина Битола поднесе кривична пријава против поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески заради злоупотреба на службената положба при донесувањето акт за легализација на Планинарскиот дом „Копанки“ која според локалната власт е незаконита.

На прес-конференција во Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска соопшти дека кривична пријава е поднесена и против други лица и очекува побрзо решавање на судскиот процес.

— реклама —

– Општина Битола поднесе кривична пријава против претходниот градоначалник на Општина Битола и други лица заради злоупотреба на службена положба, функција односно позиција од која е донесен акт кој правно не е издржан, а е поврзан со легализацијата на планинарскиот дом „Копанки“. Oчекувам институциите од судството да овозможат што побрза разрешница на овој предмет, затоа што станува збор за објект со исклучителна важност за општината, односно за граѓаните на Општина Битола, изјави Петровска.

— реклама —

На прес-конференцијата во Битола градоначалничката воедно соопшти дека донела решение со кое е поништена легализацијата, односно документот со кој таа била овозможена.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања