„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Неготино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

obvinitelstvo1

Обвинителството од Кавадарци до Судот во Неготино поднесе обвинение за поранешен градоначалник на Неготино за злоупотреба на службената положба.

— реклама —

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството утврди дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – Градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари. Имено, обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 % од износот на основната плата пресметана по час.

— реклама —

Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 % за час, без да постои поединечно Решение и Извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања