Промени тема
Контакт

Кривична пријава за обид за убиство во Охрид: со пиштол пукал во автомобил и тешко повредил возач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Охрид
media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd
Скопје1.мк

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од охридското село Лескоец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 30 декември 2025 година, околу 01:00 часот, на локален пат во близина на струшкото село Ливада. Осомничениот со огнено оружје – пиштол, пукал кон паркирано патничко возило „Голф“, при што на возачот Џ.Д.П. (40) од Охрид му нанел тешки телесни повреди.

— реклама —
— реклама —

Повредениот бил пренесен и згрижен во Општата болница во Струга, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. По пукањето, осомничениот со сериозни закани кон сопатничката во возилото ја принудил да влезе во неговиот автомобил.

— реклама —

По преземените истражни дејствија и прибирањето на доказите, СВР Охрид поднело кривична пријава до надлежното обвинителство, а против осомничениот ќе се води понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања