Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кривична пријава за пијаниот возач кој усмрти полицаец во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

СВР Куманово, до Oсновното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против С.Ј.(40) од с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

— реклама —

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово- Свети Николе, во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, удрило во В.Ц.(37-год.-полициски службеник) и А.М.(25 год. - кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе удрил во патничко возило „Шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(34).

Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј.(52) со телесни повреди, при што Д.Ј. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово. С.Ј., исто така, бил пренесен во болницата во Куманово. Од страна на судија на претходна постапка на С.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања