Кривична пријава за полициски службеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tabanovce

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО за ГОКК- Одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лице со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против лицето М.А. вработен како полицаец во полициската станица за гранична контрола - Табановце, поради постоење основано сомение дека сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“ (по чл.353, став 1 од КЗ на РСМ).

— реклама —

Пријавениот на 10-ти овој месец во својство на полициски службеник за пасошка контрола на влез во државава, овозможил влез на малолетно лице А.С. од Кавадарци без да го заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а воедно не побарал приложување на негативен ПСР тест за “ковид 19“ од малолетното лице односно не го упатил во државен карантин  со што постапил спротивно на мерките согласно Одлуката на Владата на РСМ.

Случајот е откриен истиот ден околу 19 часот кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при вршење редовна контрола го запреле возилото во кое се превезувало малолетното лице утврдувајќи дека тоа нема регулиран влез во државата ниту негативен ПСР тест и не е упатено во државен карантин. Од страна на Одделот за внатрешна контрола против полицискиот службеник  М.А поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија при МВР.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања