„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кривична пријава за пратеникот Љубен Арнаудов кој гласаше „за“ уставните измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
2ae429b4c1cd591f2c458b76f0cd7263_L

Пратеникот Љубен Арнаудов, кој гласаше „за“ пристапување кон уставни измени, заработи кривична пријава поради несовесно работење во службата додека бил в.д. директор на Општа болница Охрид, преенсуваат од МВР, објави Инфомакс.

— реклама —

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општа болница Охрид за јавна набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени– стои во Билтенот на МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања