„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кривична пријава за прилепчанец - овозможил да  им биде евидентиран престој надвор од границите на РСМ  на пет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-123

СВР Битола, Надворешна канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Прилеп до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава за постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело  ,,Несовесно работење во службата“ од чл.353в од КЗ на РСМ против Р. А. (47) од  Прилеп, вработен во Министерството за внатрешни работи на РСМ.

— реклама —

Пријавениот во 2016 година во својство на службено лице – одговорно лице во водење на управна постапка, распореден на работно место самостоен советник – Раководител на Одделението за управни работи Прилеп, со пропуштање на должен надзор, овозможил да  им биде евидентиран престој надвор од границите на РСМ  на пет лица  државјани на РСМ, спротивно на одредбите определени со ,,Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште“. Врз основа на вака незаконски евидентираниот престој, од страна на вработени службени лица во Отсекот за управни работи – Прилеп, во текот на 2016 година биле изготвени и издадени документи ( потврди – уверенија), со кои документи се потврдува дека лицата престојувале надвор од РСМ повеќе од една година, а кои понатаму овие документи ги употребиле пред надлежни органи како доказ, за да искористат законски поволности при увоз и регистрација на половни возила од странство кои не можат во РСМ да бидат регистрирани во редовна законска постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања