СВР Охрид поднесе кривична пријава за (67) годишна Охриѓанка, за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“.Во период од октомври до декември 2016 година, пријавената во својство на виш соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти, при што без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила Решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист, со што овозможила лицетот да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка.
Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе
D4mbdQwi1L8