Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кривична против девет лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarys4a3ip6hpeg28cnPcu2

Царината откри организиран криминал при увоз на „Мерцедес-Мајбах“, пуштен во слободен промет и регистриран со фалсификувани документи, со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари. Поднесена е пријава против 2 правни и 7 физички лица; увозните давачки биле намалени со лажна фактура и документи, со посредство на царински и полициски службеник. Издадена е одлука за дополнителна наплата и наплатени се 2,5 милиони денари (1,9 долг и 600 илјади камати). Од октомври 2024 се водат истраги за увоз на возила: 51 пријава за 180 возила, штета 41 милион денари, за период 2022–2024.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

— реклама —

„По спроведена опсежна истрага и форензичко вештачење на уреди, до ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против две правни и седум физички лица за фалсификување исправа, фалсификување службена исправа, злоупотреба на службена положба и овластување, како и несовесно работење во службата.

Во случајот, увозникот, сега првоосомничен го набавил возилото во Германија и го внел во државата, по што се упатил кон царински терминал за спроведување на постапката за царинење. Царинскиот застапник, управител во шпедиција, сега второосомничен, со умисла да бидат наплатени помали увозни давачки изготвил фалфисикувана фактура со пониска вредност и фалсификуван доказ за потекло со што би се овозможил преференцијален третман, односно царината да биде ослободена од плаќање. Потоа ги лажирал и останатите документи при што во делот на регистарски таблички ги внел оние што биле во важност пред увозникот да го купи возилото во Германија, а податоците за увозникот ги изменил со други. При увозно царинење на возилото наместо 3,9 милиони денари биле наплатени два милиони денари и со посредство на тројца царински и еден полициски службеник, возилото со фалсификувани документи било пуштено во слободен промет и регистрирано.

Ја известуваме јавноста дека царинските службеници опфатени со кривичната пријава, се товарат за слични дела и во други кривични пријави поврзани со увози на автомобили и истите се отпуштени од работа минатата година. По однос на утврдените избегнати давачки во конкретниот случај, изготвено е решение за дополнителна наплата, при што наплатени се 2,5 милиони денари, од кои 1,9 на име на основен долг и 600 илјади денари на име на камати.

Царинската управа започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година ипол Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2024 година, со кои е нанесена директна штета врз Буџетот во износ од 41 милион денари.

Истакнуваме дека Царинската управа ќе продолжи со преземање опсежни истражни дејствија, со цел сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција. Ова претставува основа за јакнење на довербата во институционалниот систем, како клучен предуслов за развој на одржливо општество“, велат од Царинската управа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања