Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кривична против двајца скопјани и еден Грк поради трговија и криумчарење на мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
migranti

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата двајца скопјани, едниот на возраст од 28-години со иницијали А.А. и вториот на возраст од 41 година со иницијали Љ.Ш., како и против НН лице од Грција поради постоење основи за сомнение дека сториле кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“, согласно КЗ на Република Македонија, велат од МВР.

— реклама —

„Пријавените, заедно со лицата А.Н. и Л.С., кои претходно беа опфатени со кривична пријава, заради стекнување на противправна имотна корист, организирале криминална група, со цел вршење на кривични дела криумчарење на групи илегални мигранти од територијата на Грција на територија на Република Македонија. По ова, илегалните мигранти биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од пријавените, ги превезувале кон Кумановско- липковскиот регион, каде времено се засолнувале, а потоа илегалните мигранти се криумчареле кон Србија“, соопштуваат од МВР.

— реклама —

Од страна на Судија на претходна постапка на А.А. и Љ.Ш им е одредена и мерка притвор во траење од по 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања