Кривична за Американец кој предизвикал пожар во ресенско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pozarna-suma-pozar

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.С.(68) од САД, со привремен престој во с.Крани, ресенско, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавениот, на 19.07.2022 во неговата нива на место викано „Барик” во атарот на с.Крани го запалил стрништето, при што пожарот се проширил и зафатил сува трева и овоштарници во соседните ниви. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања