Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кривична за „Булмак 2016“, се откочила шинска натоварна машина, при што му нанела тешки телесни повреди на вработен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-22

СВР Штип поднесе кривична пријава против ДПТУ „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип и А.В.(38) од с.Турско Рудари, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и против Д.Д.(41) и А.Л.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 23.08.2017 во Пробиштип, во рудникот „Злетово“, сопственост на првопријавеното правно лице, се откочила шинска натоварна машина, при што му нанела тешки телесни повреди на вработениот С.Д. При контрола било утврдено дека во текот на јуни 2017 првопријавеното правно лице и второпријавениот, како раководител на машинско одржување, при ставањето во употреба на наведената машина, не постапиле согласно прописите од Правилникот за користење на рударско - техничка опрема. Исто така, трето и четвртопријавениот, како државни инспектори за геолошки и рударски надзор, во врска со наведениот настан не изготвиле решение за забрана за изведување на работни активности со наведената машина и не презеле соодветни дејствија за санкција на првопријавеното правно лице.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања