Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 23.01.2017 пријавениот, во својство на директор во основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, склучил договор за јавни набавки на услуга во износ од 350.000 денари со правно лице од Македонска Каменица, иако не ги исполнувало условите за добивање на две релации за превоз на ученици, каде било предвидено да има вработено возач за секоја релација посебно, со што овозможил правното лице да се стекне со имотна корист.
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења