Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кривична за ловочувари, затекнале лица во незаконит лов, но парите за казна ...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
lovecka-puska

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „несовесно работење во службата“.

— реклама —
— реклама —

На 05.10.2016, 15.11.2016 и 21.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, ловочувари затекнале лица од село Облавце, општина Старо Нагоричане, од село Студена Бара, кумановско и од Куманово при незаконит лов и им ги одземале ловните пушки, по што ги предавале на првопријавениот, вработен во Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба. Тој, на сите три лица им посочил дека на жиро сметка на ловечкото друштво треба да уплатат 18.000, 43.000 и 2.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. Откако тие ги уплатиле средствата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил пушките.

— реклама —
— реклама —

Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил да прибави противправна имотна корист од 63.000 денари за ловечкото друштво и да нанесе штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања