Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кривична за тројца кумановци за фалсификување на документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-123

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Куманово, Ф.К.(25) и З.К.(59), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено по едно кривично дело „фалсификување исправа“.

— реклама —

На почеток на 2015 година, пријавените изготвиле фалсификуван „купопродажен договор“ на бугарски јазик за мотоцикл „Suzuki Intruder“, по што на 30.06.2015 година второпријавениот извршил заверка на ваквиот фалсификуван договор заедно со превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.

По ова, првопријавениот договорот го употребил како вистински во постапката за царинење пред Царинската управа во Куманово и постапката за идентификација на мотоциклот пред Министерството за економија, односно Бирото за метрологија, по што документите биле употребени и во прилог на барањето за единечно одобрување на возило доставено до АМ Церт ДООЕЛ Скопје.

— реклама —

На 07.07.2015 година првопријавениот, ваквата документација со невистинита содржина ја доставил како доказ во прилог на барањето за регистрација, по што врз основа на истата била извршена регистрација на мотоциклот.

По ова, на 29.02.2016 година првопријавениот склучил фиктивен договор за негова купопродажба на третопријавениот, по што, откако го завериле кај нотар, бил употребен во постапката за регистрација и пренос на сопственоста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања