Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Кривична за водач на смена во царинската испостава „Табановце“- „невидел“ дека цариници присвоиле 1.670 евра и 190 швајцарски франци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
carina-sverc

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот, извршувајќи службени работни задачи како царински службеник - водач на смена во Отсек за патнички промет во

— реклама —

царинска испостава Табановце - автопат во Царинарница Куманово при Царинската Управа на Р.С.Македонија, на работна смена од 20.00 часот на 27.07.2019 до 08.00 часот на 28.07.2019, несовесно постапил во вршење на своето дискреционо овластување со пропуштање на должен надзор како единствен непосреден старешина на смената, при што им овозможил на двајца царински службеници и други кои биле на смена во посочениот период, на влез во Р.С.Македонија, од граѓаните кои остварувале влез во Р.С.Македонија на Граничниот премин „Табановце“ противправно за себе да наплатат 1.670 евра и 190 швајцарски франци, а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, преку избегнување на царински давачки за роба која подлежи на царинење при влез во Р.С.Македонија.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања