Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Кривична за жители на Крива Паланка – го оштетиле буџетот на државава за 10.372.580 ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-123

Надворешната канцеларија за криминалитички работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.М. (69) од Крива Паланка и С.Р.(62) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против П.В.(68) од Крива Паланка и неговата приватна фирма поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во периодот од 2011 до 2016 година, М.М. – директор на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, без да обезбеди одобрение за градба, согласност и потребна техничка документација од општина Крива Паланка, склучил повеќе договори за изведување на градежни работи во СОУ„Ѓорче Петров“ со избраниот најповолен понудувач, приватната фирма, сопственост на пријавениот П.В. Управителот П.В., како изведувач склучил договори за вршење на стручен надзор со С.Р. – управител на приватна фирма за  проектирање и инженеринг.

— реклама —

На тој начин М.М. на П.В., на неговата фирма и на С.Р. им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 10.372.580 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања